МАКЕДОНЕЦ СУМ ЗАТОА ШТО:

VirginaFlag

МАКЕДОНЕЦ сум затоа што:

Сум МАКЕДОНЕЦ по род,култура,историја,традиција

Зборувам македонски!

Ја чуствувам крвта македонска во мојте вени!

Сум од родот древен на Филип Македонски и Александар Македонски !

Сум Македонија-земја библиска,една и единствена од секојпат и за секојпат!

Ги има изроди што велат Македонија не е Македонија, а Македонците не се Македонци. Сочуствуваме со нивниот таксират….

Ако не го чуствуваат исконското во себе,не можеме да им помогнеме.

Некому со сила можете да му земете, но неможете да му дадете!

Луѓето се раѓаат,живеат и создават со Божји аманет!

Да не ги заборават делата на оние пред себе.Да не плукнат на нивниот самопрегор,визија и жртва!

Божји аманет е да остават вредност зад себе, кога веќе ќе не нема.

Божји аманет е да се сака својот род и да се споделува со другите.

Тој што нема чуство за својот род, неможе да има чуство за друг!

Вредни сме во светот и вредни сме за светот се додека го негуваме чуството  македонско во нас!

Само како Македонци сме вредностза сегашните и идните генерации!

Само како Македонци можеме да го почитуваме другиот и да се грижиме за неговото добро како што се грижиме за своето.

Не ни е сеедно! Името и идентитетот не се само наша сопственост!

Како Македонци денес, сме ги наследиле од Македонците што биле и сме ги позајмиле од Македонците се уште не родени.

Ги сакам другите бидејќи го ценам мојот корен.

Го сакам светот бидејќи ја сакам мојата земја, Македонија

Го сакам животот бидејќи е Божји дар.

Ја сакам Македонија бидејќи тоа сум ЈАС! Тоа си ти, тоа сме сите ние,  МАКЕДОНЦИТЕ !

Затоа,мои Македонци, но и сите Вие драги браќа и сестри со вера во Бога, ве повикувам да се придружите кон овој АМАНЕТ

Ни името ни идентитетот МАКЕДОНСКИ не се ни проблем, ни прашање! Не се проблем ни за стотици држави кој не признаа под уставното име. Проблем може да биде само за оние што не се сигурни кој се и зошто се!

Да нема недоразбирање:

Името и идентитетот МАКЕДОНСКИ не се на продажба ниту пак се тема на расправа!

ЕУ и НАТО се заедници на достоинствени нации кој знаат кој се и што се. Како такви не сакат и нас. Тие што  не се доследни кон себе, нема да бидат доследни и чесни ни кон другите. Само како Македонија и Македонци сме придобивка за Европа и светот.

Сме за разумен компромис до кој треба да стасат со себе самите оние, кои несигурни во сопствениот идентитет, патеточно го негират нашиот. Имаме цврста верба дека еден ден, не многу далечен, ќе смогнат разум и храброст да се соочат со реалноста дека МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ постојат и ќе постојат,како нивни искрени соседи и пријатели.

Под името Македонија не препознаваат на сите меридијани на оваа наша планета, една и единствена, како што и името ни е едно и единствено!

Република Македонија

Македонец е роден водач и победник, одговорен кон себе,кон блиските и кон сите што Бог ги создал. МАКЕДОНЕЦ е втор збор за креација,бистра мисла и чисто срце,за сомилост, но токму затоа и за строгост, кон себе и кон другиот.

Македонецот создава и остава зад себе цивилизациски дела,поделува и поучува,насочува и втемелува.Тоа е генетскиот код на Македонецот

Човекот во стариот завет бил воспримен според принципот. – Текстот е превземен од еден другар.

Bookmark and Share

Published in: on јануари 16, 2012 at 11:39 am коментари (0)

Само сакам да знам!

images (1)

Не е важно од што живееш. Сакам да знам за што копнееш и дали имаш храброст да сонуваш за исполнување на желбите на твоето срце.
Не ме интересира колку години имаш. Сакам да знам дали си подготвен да ризикуваш ,да испаднеш будала заради љубовта,заради своите соништа,заради оваа авантура која ја нарекуваме живот.
Не ме интересира кои планети делуваат на твојот месец. Сакам да знам дали си стигнал до сржта на сопствената болка, дали животните разочарувања те отвориле или си се скрил и си се затворил стравувајќи дека повторно можеш да бидеш повреден. Сакам да знам дали си во состојба да поднесеш болка , мојата и твојата,а притоа да не мораш да ја криеш или ублажуваш или да ја избришеш.
Сакам да знам, знаеш ли да се радуваш,заради мене и заради себе, и дали можеш да заиграш онака диво, и да се препуштиш на екстазата се до врвовите на прстите, а притоа да не не предупредуваш да бидеме внимателни, реални, свесни за сите човечки ограничувања.
Не ме интересира дали приказната што ми ја раскажуваш е вистинита. Сакам да знам дали си подготвен да разочараш некој друг за да бидеш искрен кон себе си , дали си подготвен да ги поднесеш приговорите за предавство, а притоа да не се изневериш себе си, можеш ли да бидеш предавник а со самото тоа и човек од доверба.
Сакам да знам дали си во состојба да ја видиш убавината, па иако не е убава, и дали можеш својот живот да го поттикнуваш со нејзиното присуство.
Сакам да знам дали си доволно силен да живееш со неуспехот,својот и мојот, и сеедно, да стоиш на работ на езерото и восхитено да викнеш кон полната сребрена месечина : АХ !
Не ме интересира каде живееш и колку пари имаш. Сакам да знам дали си способен да станеш , после ноќ исполнета со тага и очај, уморен до коска, и да направиш се што е потребно за да ги нахраниш своите деца.
Не ме интересира кого го познаваш и како си стигнал до овде. Сакам да знам дали сакаш и понатаму да стоиш заедно со мене во жарот на огнот и да не се откажуваш
Не ме интересира каде , што и со кого си студирал. Сакам да знам што е тоа во тебе самиот што те тера напред во моментите кога се се руши.
Сакам да знам , дали можеш да бидеш сам со себе и дали навистина ја сакаш личноста која си во моментите на празнина !

Bookmark and Share

Published in: on at 10:11 am коментари(2)

Лошо-Добро

images (2)

Ако некој некогаш ве повреди, верувајте кога тогаш вие со добро ќе му вратите, ова е искуство од денеска. :) )

Bookmark and Share

Published in: on декември 27, 2011 at 4:13 pm коментари (0)

Драги – Дедо Мраз

images

Драги Дедо Мраз!

Бев добра цела година,

добро ајде скоро цела година,

ок, ок бев добра и тука и таму

уствари… ај батали сама ќе си купам поклон :D

Bookmark and Share

Published in: on декември 13, 2011 at 4:41 pm коментари(6)

Лично јас!

385064_148508465253083_100002817915374_170014_1685205382_n

Сфатив дека сама треба да го контролирам моето однесување…зашто инаку тоа би ме контролирало мене…Сфатив дека без разлика колку е една врска бурна и вжештена….огнот постепено се гаси…тогаш е подобро нешто друго да дојде на нејзиното место…Јасно ми е дека сум лута…но тоа не значи да бидам и арогантна….Сфатив дека ако јас сум вљубена во некого….не значи дека и тој мора да е вљубен во мене!Повеќе не гледам што имам во животот…туку кого имам во животот.Научив дека само јас сум одговорна за моите постапки…без разлика што некој не предизвикал на било какви постапки…Без разлика што се ни нуди или одзема животот…Јас останувам ИСТА!…онаа која зне да се извини кога греши…И онаа која признава кога е ВЉУБЕНА!…Токму таква се сакам себеси…зашто ако не бев, ова што сум сега…Не ќе бев ЈАС!

Bookmark and Share

Published in: on декември 6, 2011 at 1:26 pm коментари(8)

Сигурно си Македонец 2 дел

images (2)

  • Твојот дедо секогаш пие чашка ракија за добро утро.
  • Иако си женско, твоите ти се обраќаат со „Сине“.
  • Чичко ти прави негово вино што е појако од ракија.
  • Мајка ти упорно тврди дека ќе те фати промаја.
  • Мајка ти тврди дека мораш да јадеш сирење и тоа најмалку 3 пати неделно.
  • Користиш ракија за да лечиш болест, прославиш веселба или како „лосион за после бричење“.
  • Славиш Божиќ, Велигден и Нова Година 2 недели после сите останати.
  • Баба ти не го прифаќа фактот дека не си гладен.
  • Одиш кај баба ти дома и ти нуди супа, колбаси, сарма и полнети пиперки и ти се лути ако не изедеш се.
  • Имаш 4 пара папучи во шифоњерот.
  • Цел свет застанува кога ќе ја слушнеш Бисер Балкански.
  • Мајка ти ти се обраќа со стока.
  • Секогаш во фрижидер имаш сланина.
  • Мешаш кисела вода со смедеревка.
  • Имаш уште толку храна останата кога ќе заврши оброкот.
  • Жената треба секој ден да спрема ручек инаку не е домаќинка.
  • Твоите родители покануваат 500 луѓе дома затоа што ви е слава.
  • Во твојот фрижидер секогаш имаш повеќе алкохол од храна.
  • Твоите другари те викаат пеер.
Bookmark and Share

Published in: on ноември 28, 2011 at 3:26 pm коментари(16)

Разликата помеѓу мажот и жената

mazi-zeni

Немам коментар :)

Bookmark and Share

Published in: on ноември 25, 2011 at 11:10 am коментари (0)

Нашиот живот

images

Бидете тоа што сте и живејте го Мигот…. мигот кој е целиот наш Живот. Во тој миг ние ја вложуваме сета своја Енергија, сите свои Емоции… И на крајот пак се враќаме на она првобитното…
Човекот е кораб во морето,
неговиот Ум е сидро,
неговото Срце едро,
а Љубовта и Страста ветер во тоа едро…
И бидете тоа што Сте, Живејте, Сакајте и Радувајте му се на секој нов ден…

Bookmark and Share

Published in: on ноември 14, 2011 at 11:53 am коментари (0)

Прифати ме или заборави ме !!!

29886_397038714699_72662684699_3941817_6167837_n

Таква сум. Ако ме прифаќаш, земи ме.
Не нудам нежности и лигавење, го мразам тоа.
Не нудам вечна љубов, не верувам во тоа.
Не нудам нешто посебно.
Се нудам себе си, во целост, со се мојата душа и тело…
Нудам моменти во кои двајцата ке бидеме среќни.
Без гаранција до кога ке трае.
Без гаранција дека нешто ќе се расипе.
Не нудам совршенство.
Нудам само една едноставна и несовршена девојка.
Прифати ме или заборави ме !

Bookmark and Share

Published in: on ноември 11, 2011 at 11:34 am коментари(4)

Живеј во сегашноста и сакај го животот!

images

Животот незапирливо тече од вчера, во денес, кон утре. Сведоци сме на минатото, живееме во сегашноста, а фантазираме за иднината. Дел од тие фантазии ги остваруваме, а дел не.. Затоа треба да живееме во времето во кое постоиме, во време на кое му припаѓаме. Минатото да го оставиме зад нас затоа што веќе поминало, но неговите траги се неизбришливи и изрезбани длабоко во нашите срца.Да живееме во сегашноста и да престанеме да фантазираме за иднината.Затоа што едно е сигурно „Се во свое време“, а оваа е моето мото, запомнете го и применете го: „Што е твое ќе ти се врати, доколку не се врати значи дека никогаш не било твое, затоа пушти го на слобода и дознај ја вистината“. Оваа се однесува на сите важни сегменти во животот и во љубовта. Се сложувам со тоа дека минатото не се заборава, но барем можеме да пробаме да не мислеме на него, затоа што тоа веќе поминало, но е дел од нашето постоење кое ниту се брише ниту се заборава. . Јас решив да го оставам минатото зад себе и да продолжам храбро да чекорам кон иднината.Никогаш не навраќајќи се на оние болни спомени кои не болаат, а ние со задоволство се навраќаме на нив. Или па на оние бескрајно среќни денови кои веќе поминале и заминале, а на нас ни остануваат само спомените со кои живееме и се бориме.Сум за да се живее во сегашност и да уживаме и да се сочуваме со сите задоволства и пречки, сето тоа е невозможно бидејќи некогаш несвесно се навраќаме и тоа не по наша вина. Зошто едноставно тоа е така, животот е борба во која само храбрите остануваат, а останатите се исклучени уште на самиот почеток. Така е и во љубовта само храбрите сакаат, а кукавиците чекаат да бидат сакани. Затоа сакај и ќе те сакат, доколку љубовта не ти биде возвратена не затварај се во себе за нова љубов во твоето срце повторно да влезе. И запомни едно „Ништо на светот не е како тебе вредно“.

Bookmark and Share

Published in: on октомври 27, 2011 at 10:47 am коментари (0)